4.1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Ова е првиот 100% водоотпорен ранец во светот

Kabtel desktop

Booē Hybrid 20 е првиот навистина водоотпорен ранец во светот со револуционерна технологија на затворање на патентите. Ранецот е отпорен и на прашина, можете да го носите со вас кога нуркате , а ако го ставите на површината на водата тој ќе плови и нема да пропадне.

Патентите на ранецот се ергономски дизајнирани, а материјалот од кој е направен е обложен со водоотпорен слој. Hybrid 20 ќе чува се што ќе ставите во него суво и безбедно. За ранецот моментално е во тек кампања на Kickstarter, која веќе собра повеќе од двапати над побараната сума, а остануваат уште 12 дена до крајот.

Доколку сакате да си купите Booē Hybrid 20, можете да го направите тоа со донирање на минимум 150 долари за кампањата на Kickstarter, додека малопродажната цена се очекува да се движи околу 200 долари. Првите ранци треба да бидат доставени во ноември годинава.

Booē Hybrid 20 Waterproof Backpack

100% waterproof backpack with revolutionary zipper technology. More info: http://bit.ly/2OqZv4r

Posted by Startup Selfie on Вторник, 30 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •