7.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

Научници открија супер Земја со вода на 110 светлосни години од нашата планета

Kabtel desktop

По прв пат во историјата на човештвото научници открија планета надвор од нашиот соларен систем која има вода и ова е многу битно откритите во потрагата по планети на кои може да се живее. На таа супер Земја, која се наоѓа на 110 светлосни години од нас, е двапати поголема од нашата планета и има осум пати поголема маса, беше откриена водена пареа.

Планетата ја нарекоа K2-18b. Таа исто така има и атмосфера и соодветна температура за опстанок на живи суштества, велат научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Планетата е поблиску до својата ѕвезда отколку што сме ние до Сонцето, што значи дека годините таму траат пократко и орбитира за 33 дена, за разлика од нашите 365 дена.
Егзопланетата прв пат била забележана во 2015 година од страна на вселенскиот сателит Kepler новите анализи на собраните податоци открија нови детали. Со моменталната опрема може да се откријат само некои основни фактори како оддалеченоста, масат и површинската температура. Но, софистицираните алатки кои ги развиваат на лондонскиот колеџ можат да ги преведат податоците од телескопот Hubble и да ги разберат уникатните молекуларни состави на водената пареа.

K2-18b е премногу далеку за да можат да ја видат астрономите, но може да видат како се филтрира ѕвездената светлина низ атмосферата на планетата. „Ова е единствената планета надвор од нашиот соларен систем која ја има соодветната температура, има атмосфера и вода“ велат научниците.

Присуството на водена пареа во атмосферата на планетата може да значи дека е карпеста или заледена. Повеќето дрги егзопланети се гасовити џинови како што се Јупитер и Сатурн, па K2-18b е одлична можност за истражувачите да анализираат помали карпести или замрзнати планети.
Иако планетата се наоѓа во зона од својот соларен систем која може да е населена, моментално не постои начин да се утврди дали на неа има знаци на живот. Експертите ќе продолжат да ја набљудуваат за да ја потврдат својата теорија дека на неа може да се одржува живот затоа што не можат да бидат сигурни колку вода има на планетата.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •