15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Uber го претстави својот нов дрон за достава на храна

Kabtel desktop

Uber се подготвува да ја тестира својата нова услуга за достава на храна со дронови, која ќе биде дел од сервисот Uber Eats во Сан Диего во 2020 година. Uber го претстави својот нов дрон кој користи иновативни ротирачки крила со шест пропелери за полесна транзиција меѓу вертикалното полетување и летот напред.

Ротирачките крила ги има кај прототиповите на летачки автомобили, но ретко кај дроновите. Пропелерите се позиционирани вертикално при полетувањето и слетувањето, но може да се ротираат напред за дронот да се движи побрзо и поефикасно во текот на летањето.

Крилата се слични на тие кои НАСА ги дизајнираше за прототипот на летачкото такси. Дронот и таксито се проекти во рамките на планот Uber Elevate, чија цел е транспортот и доставата да се преселат „во воздух“. Тест-летовите со летачките такси се планирани за 2020 година, а комерцијализацијата за 2023 година.

капацитет за пренесување товар ендаков на оброци за двајца. Од Uber порачуваат дека дронот ја поминал клучната анализа на дизајнот и се очекува првиот лет да се реализира пред крајот на годинава. Дронот е дизајниран да врши достава за осум минути, вклучувајќи го тука и пакувањето и преземањето на пратката. Досегот на дронот изнесува нешто повеќе од 19 км кога носи пратка, акога лета сам 30 км. Дронот може да лебди во воздух и во ветровито време со ветар со брзина до 50 км.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!