0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Австралија воведе камери кои ги детектираат возачите кои користат телефон додека возат

Kabtel desktop

Австралиската влада прва во светот имплементираше систем од камери за автоматско детектирање на возачите кои користат мобилен телефон додека возат. Програмата почна да се имплементира во државата Нов Јужен Велс од 1 декември годинава после шестмесечно тестирање. Во текот на тестирањето биле детектирани повеќе од 100.000 несовесни возачи кои во текот на возењето користеле мобилен телефон. Слична технологија се тестира и во Велика Британија и во Саудиска Арабија, но австралиската програма е првата која е имплементирана во пошироки размери.

Нема да бидат поставени сообраќајни знаци кои посочуваат на присуството на камерите. „Ќе го користиме факторот изненадување. Сакаме што побрзо да го смениме однесувањето на возачите“ велат австралиските власти.

Системот ги фотографира сите возачи, а потоа ги анализира фотографиите детектирајќи ги тие што користат телефони. Кога ќе ги издвои сомнителните, дотографиите ги прегледуваат луѓе и потоа им испраќаат казни на возачите. Од друга страна, фотографиите на кои не се детектира мобилен телефон системот автоматски ги брише без да ги видат луѓето. Меѓутоа, во првите три месеци возачите ќе добиваат само предупредување, а потоа казните за користење мобилен телефон ќе изнесуваат 344 долари, односно 457 долари во зони каде што има училишта.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •