Банката на Британија отпушта 5.000 работни места бидејќи ја прифаќа вештачката интелигенција
Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно поттикната од поголемата употреба на вештачката интелигенција.
Финансиската директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.
Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и овозможуваат поедноставување на деловните процеси.
Банката планира дополнително да ја подобри ефикасноста на работењето со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари профит пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за три проценти на годишно ниво, на 7,4 милијарди фунти, односно повеќе од 8,8 милијарди евра.
Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти што го забележаа американските банки, а извршниот директор на банката, Си-Ес Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.
Банката објави нов откуп на сопствени акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.
Во исто време, „Барклис“ се подготвува за евентуално зголемување на даноците за банките во Велика Британија, за кое владата во Лондон треба да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.
(Telegraf)





























