22 C
Skopje
недела, јули 5, 2020

Вредноста на акциите на Tesla за само два дена порасна за 36%

Kabtel desktop

Илон Маск неделава лансираше до небо нешто ново – цената на акциите на Tesla.
Акциите на производителот на електрични автомобили вчера достигнаа вредност од 887 долари, што е раст од 36% во спореда со нивната вредност два дена претходно. Од почетокот на годинава, пак, досега цената на акциите е порасната и повеќе од дупло.

Најголем дел од тој раст се должи на нетузијазмот на поддржувачите на Tesla, кои сметаат дека Илон Маск, извршниот директор на Tesla, е суперхерој. Но, изгледа дека имаат улога и тие што го мразат. Откако се обложија дека компанијата ќе пропадне, многу од нив загубија многу пари, а тоа уште повеќе ја дигна цената на акциите.

Зошто инвеститoрите имаат толкава доверба во Tesla? Според нив, на Tesla сега и претстои многу светла иднина откако закрепна од лошиот старт во 2019 година. Откако изгуби повеќе од 1 милијарда долари поради проблемите со производството и доставата на Мodel 3, Tesla сврте нов лист во втората половина од минатата година. Во последниот квартал од 2019 година имаше заработка од 1 милијарда долари и покрај трошоците.

Понатаму, со изградбата на фабриката во Шангај за производство на возила во Кина и другите кои се градат во Европа, на Tesla и претстои и глобална експанзија, велат инвеститорите. Но, порастот на цената на акциите на компанијата, која е трипати поголема отколку во октомври минатата година, е многу повеќе отколку доказ за ефикасноста и изградбата на новите фабрики. Ова е вистинско обложување на иднината на Tesla, која доминира на малиот пазарен сегмент за електрични автомобили со батерии и тешко дека ќе ја изгуби таа доминација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •