22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Вселенското летало Crew Dragon на Илон Маск успешно стигна на Меѓународната вселенска станица

Kabtel desktop

Даг Харли и Боб Бенкен се првите двајца астронаути кои полетаа во вселената од американсо тло после пензионирањето на флотатат летала спејс шатл пред девет години. Летот е битен и поради друг момент – ова е прв комерцијален вселенски лет од овој тип кој го направи приватна компанија.

Имено, основачот на компанијата SpaceX и дизајнер на леталото, Илон Маск, вели дека целото човештво треба да биде гордо на овој момент, но тој уште не сака да слави затоа што враќањето на Земјата од некои аспекти е поопасно од лансирањето.

18 години работев на ова, па тешко ми е да поверувам дека навистина се случи. Се надевам дека ова е прв чекор кон патувањата до Марс и населувањето на планетата, прв чекор кон мултипланетарен живот, кон база на Месечината и ширење надвор од границите на Земјата“, изјави Маск.

Тој додаде дека се разбира оти мора среќно да ги вратат на Земјата и мора да ја повторат мисијата, тоа да стане редовна пракса, па затоа им претстои многу работа. „Но, ова е неверојатно. Тоа е нешто поради што човештвото треба да биде возбудено и да се гордее“, додаде Маск.

LIVE COVERAGE: NASA Astronauts Arrive at the International Space Station

After a successful launch into orbit yesterday, SpaceX’s Dragon Endeavour spacecraft is en route to dock with the International Space Station. Watch as astronauts Robert Behnken and Douglas Hurley join the crew aboard our orbiting laboratory:

Posted by NASA – National Aeronautics and Space Administration on Недела, 31 мај 2020

(фото: NASA)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •