16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Топ 10 најплатени Instagram ѕвезди

UAKS desktop

Не е тајна дека познатите на Instagram заработуваат милиони долари на спонзорирани објави, на кои рекламираат производи на различни компании. На врвот на листата со најуспешни ѕвезди на Instagram се наоѓа познатиот актер Двен Џонсон, попознат како Карпата („The Rock”). Тој за една спонзорирана објава може да земе и до 1 милион долари.

Претходно годинава Forbes го прогласи Џонсон за најплатен актер во светот, со приходи од речиси 90 милиони долари. Освен филмската кариера, оваа акциона ѕвезда има и големо комерцијално партнерство со спортскиот бренд Under Armor, со кои потпиша договор во 2016 година. Исто така, го спонзорира и технолошкиот гигант Apple и норвешкиот бренд за флаширана вода Vos, во кој и сам има удел.

Според наводите на компанијата за маркетинг на социјалните мрежи Hoper HQ, Џонсон од првото место на листата ја иссфрлил младата Кајли Џенер, сопственичка на бренд за козметика и ѕвезда на реални шоуа. Џенер на оваа мрежа има 183 милиони следбеници, додека Џонсон има 187 милиони и се смета за највредниот корисник на Instagram.

Компанијата Hoper дошла до резултатите после разговори со т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи, како и со брендови и компании за маркетинг. Сепак, многу од бројките кои ги добиваат познатите се тајна.

Други личности кои исто така заработуваат неверојатни пари од едноставно поставување фотографија на Instagram се Кристијано Роналдо со 889.000 долари по објава и Ким Кардашијан со околу 858.000 долари по објава. Ова е целосната листа со топ 10 најплатени ѕвезди на Instagram.


1.Двејн Џонсон Карпата – 187 милиони следбеници, 1 милион долари по објава

2.Кајли Џенер – 182 милиони следбеници, 986.000 долари по објава

3. Кристијано Роналдо – 225 милиони следбеници, 889.000 длари по објава

4.Ким Кардашијан – 176 милиони следбеници, 858.000 долари по објава

5. Аријана Гранде – 191 милиони следбеници, 853.000 долари по објава

6. Селена Гомез – 180 милиони следбеници, 848.000 долари по објава

7. Бијонсе Ноулс – 149 милиони следбеници, 770.000 долари по објава

8. Џастин Бибер – 139 милиони следбеници, 747.000 долари по објава

9. Тејлор Свифт – 135 милиони следбеници, 722.000 долари по објава

10. Неимар да Силва Сантос Жуниор – 139 милиони следбеници, 704.000 долари по објава.

(Bizlife)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •