-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Huawei нуди награди од милион долари за најдобрите девелопери во светот кои ќе направат најдобри мобилни апликации

Kabtel desktop

Развојот на некои апликации не е ни брз, ни едноставен затоа што кога една апликација е направена и спремна за користење треба некако да се најде патот до корисникот. До пред една година девелоперите имаа две опции – да направат апликација која е компатибилна со iOS или Android за паметни телефони.

Но, откако САД го стави Huawei на црната листа и им ја ограничи работата со американските компании, од кинеската компанија одлучија да покренат сопствена продавница за апликации. За девелоперите тоа значи и дека своите апликации сега можат да ги нудат, но мора и да ги прилагодат на уште една продавница.

Меѓутоа, додека девелоперите негодуваат затоа што дел од заработката од продажбата на апликациите оди за Google, односно за Apple, во Huawei одлучија девелоперите да ги привлечат на друг начин. Тие го организираа Huawei AppsUp, натпревар на кој сакаат да ги соберат најдобрите програмери од целиот свет и да им овозможат платформа на која ќе го покажат своето знаење, но и ќе заработат пари.

На натпреварот AppsUp учесниците своите вештини ќе ги тестираат на глобално ниво, користејќи целокупен пакет алатки и ресурси кои се достапни преку Huawei Mobile Services (HMS) и HMS Core за создавање и развој на иновативни апликации кои на корисниците им овозможуваат полесна навигација во секојдневниот живот. Пет регионални настани ќе се одржат во Кина, Латинска Америка, Европа, Блискиот Исток и во Африка, а последниот настан во живо ќе биде пренесуван во септември.

Вкупниот награден фонд на натпреварот изнесува 1 милион долари, а освен паричните награди, финалистите исто така ќе ја промовираат својата апликација на Huawei AppGallery и така ќе ја направат достапна за стотици милиони корисници од повеќе од 170 земји. Апликациите развиени за натпреварот треба да го подобрат дигиталниот начин на живот за корисниците на Huawei уреди.

Натпреварот е отворен за сите, а дваесет најдобри апликации од сите региони ќе бидат достапни за јавно гласање преку веб страницата на натпреварот и преку Huawei AppGallery. Најпопуларните апликации ќе добијат дополнителни бодови за учеството во финалниот настан, кој ќе се одржи во октомври 2020.

(Dnevnik.hr)

(фото: Huawei)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!