На TikTok му се заканува забрана во САД, а Цукерберг веќе има замена за оваа социјална мрежа

- Advertisement -

На сличен начин како што Huawei доби забрана со САД, тоа може да го снајде и TikTok. Имено, социјалната мрежа, односно апликацијата која освои милиони луѓе ширум светот, неодамна беше забранета во Индија, а слична судбина му се заканува и во САД. Причината за тоа е што TikTok е кинески производ, што не им се допаѓа на политичарите, кои сметаат дека со самото тоа што доаѓа од Кина е опасност по безбедноста на податоците на луѓето, кои би можеле да се споделуваат со кинеската влада.

Откако TikTok беше забранет во Индија, во земјата се појација повеќе индиски копии, а својата шанса ја виде и Марк Цукерберг. Уште пред забраната Instagram беше тргант во напад на TikTok, првично со лансирањето на опцијата Instagram Reels, која беше имплементирана во самата социјална мрежа, а од неодамна достапна и во Индија.

- Advertisement -

Reels не е посебна апликација, туку станува збор за опција во рамките на Instagram за снимање и објавување кратки видеа во траење до 15 секунди со цел создавање различни интересни алатки за видеата да бидат што поинтересни. Корисниците можат видеата на Reels да ги објават на почетната страница или како приказна на Instagram, но и јавно во Explore за да бидат достапни за што поголем број корисници и да станат вирални.

Пред Индија, Reels беше претставен во Бразил, но и на некои европски пазари, а неделава од Facebook најавија глобална експанзија во блиска иднина. Новата опција на Instagram ќе биде достапна во САД и во Велика Британија, како и на повеќе од 50 други пазари, но не е познато за кои држави станува збор.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr, NBC)

Сподели!
- Advertisement -