12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Европската унија и Astrа Zeneca го потпишаа првиот договор за набавка на над 300 милиони дози вакцини

TMF desktop 19.08.2020


Европската комисија денес објави дека постигнлае договор со британската фармацевтска компанија AstraZeneca за набавка на најмалку 300 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против КОВИД-19.

Извршната рака на ЕУ, која преговара од името на сите 27 земји-членки, вели дека зделката вклучува опција да се набават дополнително 100 милиони дози ако вакцината се покаже безбедна и ефективна.

Договорот меѓу ЕУ и бротанската компанија е првиот договор за набавка на вакцини против новиот корона вирус во ЕУ.

„Денес, после недели преговарање, го имаме првиот договор за набавка на еден од кандидатите за вакцина против корона вирусот“ изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријадикес,

Претходно AstraZeneca во јуни годинава постигна договор со европската Инклузивна алијанса за вакцини (Inclusive Vaccines Alliance – IVA), односно групација формирана од Франција, Германија, Италија и Холандија за обезбедување вакцини за сите земји-членки на Алијансата.

Европската комисија не ги откри деталите на новата зделка, ниту дали се изменети претходно договорените услови на зделката.

(Reuters)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •