15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Apple го најави својот традиционален настан на 15 степември кога ќе ги претстави новите уреди

Kabtel desktop

Apple објави дека на 15 септември ќе се одржи нивниот традиционален есенски настан, на кој ќе бидат лансирани новите уреди како Apple часовници, iPhone iи сл. Традиционалниот есенски настан на Apple, кој низ годините стана еден од набјитните денови за љубителите на технологијата, вообичаено се користи за промоција и најавување на најновите производи.

На овој настан американската компанија ќе ги прикаже најновите модели на iPhone, Apple Watch, а ќе биде најавен и датумот на излегување на iOS 14 системот за корисниците на постари уреди. Оваа презентација ќе се одржи подоцна од минатата година поради пандемијата, а постои можност и дека на настанот нема да биде претставен ниеден iPhone, чија премиера би можела да биде поместена за октомври, тврдат извори упатени во ситуацијата.

Apple би требало да претстави четири нови iPhone телефони, од кои два поевтини iPhone 12 модели со екран од 5,4 инчи и 6,1 инчи, како и два iPhone 12 Pro модели со екран од 6,1 и 6,7 инчи. Тоа значи дека телефонот со екран од 5,4 инчи би бил најмалиот од 2016 година наваму. Се очекува дека Pro моделите ќе имаат систем со тројна камера. Сите четири уреди годинава ќе имаат ОЛЕД панели, што е новина за Apple.

Токму тие телефони ќе бидат првите производи на Apple кои ќе имаат поддршка за 5G mrežu. Годинашните уреди ќе имаат деби и во поглед на дизајнот – ќе бидат поставени во метална рамка, која потсетува на iPhone 4.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!