18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Нова зелена технологија ќе ја претвора топлината од телото во енергија

Научници создадоа термоќелии, односно енергетски ефикасни уреди кои го собираат вишокот топлина од телото и го претвораат во обновлива енергија. Тие се надеваат да креираат батерии кои ќе може да се користат во разни уреди со дел да се користи енергијата од телото како извор на енергија.

Групата од 11 научници кои работеле на проектот ја објавија својата студија во весникот Renewable Energy, а работат на Националниот универзитет за наука и технологија во Москва.

Термоелектрицитетот е еден вид електриците кој се генерира преку температурсните разлики. Нив ги има насекаде, вклучувајќи и околу човечкото тело. Додека тоа е зелена енергија чиј потенцијал е неискористен, претходно развиените термоќелии имале мал капацитет за испуштање на енергијата.

Но, научниците изгледа го решиле тој проблем. „Ние покажавме дека може да се користи електрода од никел оксид базирана на шупливи микросфери на никел во термоќелии. Исто така, ние откривме нелинеарна промена во струјното коло, која не е типична за термоќелиите, а ја зголемува ефикасноста на уредите“ вели Игор Бурмистров, еден од авторите на студијата.

Новите термоќели се потенцијално безбеден и евтин начин за генерирање обновлива енергија. Научниците моментално ја истражуваат можноста еден ден со користење на оваа технологија да се создаде еден суперкондензатор кој ќе остане наполнет долг временски период.

(Inhabitat)

(фото: Pxhere)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •