Airbus воведува патнички авиони на водород

- Advertisement -

Кога ќе се поврзат поимите водород и комерцијални авиони, на многумина прво ќе им текне на катастрофата со цепелинот Хинденбург, кој изгоре во 1937 година и доведе до смрт на многу патници кои патуваа од Германија во Америка. За среќа, денешната технологија за користење на водородот како погонско гориво е прилично напредната од времето на Хитлер, па тој гас денес се користи во ракетната технологија, автомобилската индустрија, а наскоро повторно ќе се најде во употреба во авиопревозот.

Имено, Airbus ги објави своите планови за развој на хибридни авиони на водород ZEROe, кои би влегле во комерцијална употреба до 2035 година. Airbus веќе почна со развојот на три нови типови патнички авиони, кај кои заедничко ќе биде млазниот мотор turbofan кој ќе биде модифициран за согорување на течно гориво, а со помош на водородните ќелии ќе се создава електрична енергија, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -