14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Познато е кога ќе пристигне првиот iPhone кој ќе се преклопува

Kabtel desktop

Неодамна пишувавме за плановите на Apple за 2021 година и iPhone 13, а сега на интернет веќе се појавија и гласини за некои планови на компанијата за 2022 година. Станува збор за информации кои Apple сигурно нема да ги потврди, но и досега кружеа слични информации, па во овој случај сигурно важи правилото каде што има чад има и оган.

Некакви конкретни податоци за самиот уред не се објавени, но Apple наводно веќе побарал првите примероци на уредот на кој ќе се тестира екранот и шарките кои би требало да овозможат превиткување на екранот. Apple сака механизмот да издржи повеќе од 100.000 отворања и затворања на екранот што е многу повеќе во однос на тестирањата за куќиштата на лаптопите. Но, тоа е и логично затоа што телефонот ќе се отвора неколку десетици, ако не и повеќе од стотина пати дневно.

Еден од партнерите на развојот на телефонот на преклоп ќе биде Samsung, кој би им би правел екраните, а уредите би се составувале во фабриките на Foxconn во Кина. Бидејќи Samsung е пионер на на пазарот за смартфони на преклоп, освен партнер, Apple ќе им стане и конкурент. Како втор партнер со развојот на телефоните се споменува Nippon, компанија со која Apple соработуваше на развојот на лаптопите.

Од Apple не се одлучни дали за нивните телефони на преклоп ќе користат OLED или microLED екрани, но со оглед на тоа дека претставувањето е планирано за две години отсега, имаат доволно време за размислување.

(Mac Rumors)

(фото: SlashGear)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •