Samsung воведува вештачки луѓе на своите телефони

- Advertisement -

Вештачката интелигенција зазема замав, па досега слушавме гласини за воведување на личниот гласовен асистент Siri на iPhone, а сега Samsung оди чекор понапред и на своите нови телефони воведува вештачки луѓе наречени NEON, кои нема да наликуваат на виртуелни асистенти, туку ќе имаат почовечки особини.

Овие вештачки луѓе не се виртуелни како Siri, Cortanа или Alexа. Имено, целта е NEON вештачките луѓе да бидат исти како реални луѓе, кои ќе ги изразуваат сите емоции и ќе рагираат на човечки начин. Наместо да бидат виртуелни асистенти, тие ќе бидат нешто како виртуелни пријатели.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека идејата е замислена интеракцијата со нив да биде возможна на се што има екран, но и во виртуелна или засилена реалност, се претпоставува дека Samsung сака и во добро и во зло да го носите сос себе новиот NEON пријател.

Овие вештачки луѓе, ако судиме според видеото на кое се гледаат неколку аватари, може да бидат што било – од водители, преку финтес тренери до лични асистенти.

- Advertisement -

Водителот на проектот и директор на Star Labs, Пранав Мистри, на Twitter напиша дека NEON веќе работи на неговиот телефон. Тој додаде и дека оваа опција ќе биде достапна за корисниците од наредниот месец. Меѓутоа, уште не е прецизно објаснето за што точно ќе служат NEON вештачките луѓе и која ќе биде нивната цел.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -