2 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Руската вакцина Sputnik V пристигна во Србија

Kabtel desktop


Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус Sputnik V до Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) за лабораториско тестирање, пишува „Новости“ и потсетува дека е предадена документација за регистрација и на вакцината што ја развија Pfizer и Biontech.

АЛИМС соопшти дека сите постапки во врска со контролата и регистрацијата на потенцијалната вакцина ќе се спроведат што е можно поскоро, бидејќи сите подготовки за тоа се веќе завршени.

Отворена е и можноста за заедничко руско-српско производство на Sputnik V, за што премиерката Ана Брнабиќ разговарала со рускиот министер за индустрија и трговија, пренесува „Новости“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно најави дека можно е вакцинацијата да почне пред Нова година, а први што ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници.

(Denar.mk)

(фото: Pixy.rg)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •