Ново истражување покажа дека на луѓето кои веќе биле заразени со корона вирус им е доволна само една доза вакцина

- Advertisement -

Ново истражување спроведено во САД покажа дека можеби не се потребни две дози вакцини против КОВИД-19 за луѓето кои веќе биле заразени со вирусот. Во истражувањето спроведено на 109 луѓе, а беше објавено на medRxiv и чека на научни рецензии, откриено беше дека реакцијата на антителата на луѓето кои веќе имаат развиен имунитет на КОВИД-19 и кои примиле само една доза вакцина е поголема од реакцијата на луѓето кои не биле заразени, а примиле две дози вакцини.

Тимот научници од Медицинската школа Икан во склоп на болницата Маунт Синај во Њујорк исто така откри дека реактогеноста на една доза од вакцините е многу почеста кај луѓето кои веќе биле заразени со корона вирусот.

- Advertisement -

Менувањето на политиката и давањето само една доза вакцина не би влијаело негативно на титарот на антителата, туку би ги поштедил од непотребна болка и би ослободил дози вакцини кои се итно потребни на други места, истакнува професорот по вакцинологија Флориан Крамер.

Лабораторијата на д-р Крамер моментално работи со Pfizer на животински модели на вирусот САРС-Ков-2. Д-р Крамер и неговиот тим набљудувале реакции на антителата кај 109 поединци, од кои 41 веќе биле заразени со корона вирус, додека останатите 68 не биле заразени и примиле два дози вакцини.

- Advertisement -

Повторното земање примероци после првото вакцинирање во период од 9-12 дена, 13-16 дена, 17-20 дена и 21-24 дена открило дека кај најголем дел од луѓето кои претходно немале КОВИД-19 реакцијата анти САРС-КоВ-2 на имуноглобулинот била ниска во наведениот период од 9-12 дена. Реакцијата на антителата била 10-20 пати поголема меѓу поединците кои имале развиен имунитет во сите временски периоди која биле земани примероци, а била уште 10 пати повисока и откако луѓето кои немале КОВИД-19 ја примиле и втората доза од вакцината.

Што се однесува на нуспојавите, луѓето со развиен имунитет се пожалиле на слични нуспојави како и учесниците во третата фаза од клиничките тестирања кои примиле две дози вакцини. Најчестите нуспојави биле болка, оток и црвенило, а се јавувале во иста мера и кај двете групи тестирани поединци. Но, системските нуспојави како треска, главоболка, болка во мускулите и зглобовите биле значително почести кај поединците со развиен имунитет отколку кај другите групи учесници во студијата.

- Advertisement -

(News Medical)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -