19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

По САД, и ЕУ најавува поддршка за отстранување на заштитата на интелектуалната сопственост за вакцините

Kabtel desktop

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен порача дека Европската Унија е подготвена да разговара за предлогот да се укине заштитата на интелектуалната сопственост врз вакцините против ковид-19, објави Гласот на Америка. Најавата стигна откако администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, навести дека би поддржал таква варијанта.

Вчера, претставничката на САД во Светската трговска организација (СТО) Кетрин Таи ја најави одлуката, велејќи дека „администрацијата цврсто верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но, во служба да се стави крај на оваа пандемија, поддржува укинување на таа заштита врз вакцините против ковид-19“.

На оваа идеја се спротивстави Меѓународниот сојуз на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА), кој порача дека суспендирањето на патентите за вакцината против ковид-19 нема да го зголеми производството или да донесе практични решенија за борба против глобалната здравствена криза. Според ИФПМА, вистинските проблеми се трговските бариери, тесните грла во синџирите на снабдување, недостигот на суровини и подготвеноста на богатите земји да започнат да ги споделуваат дозите со сиромашните земји.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •