Шкотската влада предложи на младите луѓе и на младите семејства да им се понудат субвенции од околу 58.000 евра за да останат или да се преселат на остров. Идејата е дел од Националниот план за острови, а има за цел да го репава проблемот со депопулацијата, кој е долготраен проблем за многу шкотски островски заедници.
Некои од семејствата кои веќе живеат на остров велат дека околу 60.000 евра би им биле од голема помош за средување на семејните домови. Кај голем дел од таквите семејства едниот сопружник е по потекло од остров и затоа се преселиле таму. Како што велат, не се каат за тоа.
Според нив, главните проблеми за островските заедници се транспортот до и од островот, како и живелаиштето. Шкотската влада сака до идната година да подели по 58.000 евра на 100 луѓе кои ќе се преселат или ќе останат да живеат на остров.
Шкотска има повеќе од 90 населени острови и конкуренцијата ќе биде голема. Сепак, има голема побарувачка кај луѓето за преселување на некој остров, но нема доволно места за живеење таму и нема работа.
(Bizlife)
(фото: Hippopx)






























