14.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Oвој паметен звучник ги следи вашите уши

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Минатата година израелската компанија Noveto на Kickstarter успешно организираше кампања зља собирање средства за својот звучник SoundBeamer, кој содржи технологија што може да го испраќа звукот директно во ушите на слушателот без да ги вознемирува другите луѓе во близина.

Конкретно, станува збор за звучни џебови кои се насочуваат кон ушите на корисникот користејќи ултразвучна технологија. SoundBeamer звучникот сега е преименуван во N1, во пресрет на официјалното претставување кое ќе следува на саемот CES 2022 во јануари 2022 година. Noveto N1 содржи низа мали претворачи кои се користат за фокусирање на звукот, а се сокриени зад навлаки од ткаенина и се сместени од двете страни на управувачка плоча со стаклена предна страна.

Паметниот свучник го следи слушателот со помош на 3Д сензорски модул и камери и пренесува ултразвучни бранови за фокусирање на калибриран звук непосредно надвор од ушите при нувоа на звучниот притисок до 85 dB, воедно користејќи 3Д просторнс технологија.

Корисниците не мора да стојат на место за да слушаат затоа што системот за следење ги следи во реално време, а од Noveto велат дека луѓето во вашата близина ќе слушнат само дел од тоа што доаѓа во вашата глава, како што можете да видите од видеото во прилог.

Од компанијата велат дека сериското производство треба да започне идниот месец, а продаѓбата полнува после CES. Цената на Kickstarter изнесуваше 495 долари за Soundbeamer, а за ребрендираниот звучник треба допрва да биде објавена.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!