24.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Американски истражувачи оживеаја органи на свиња откако била убиена

Kabtel desktop

Американски истражувачи тврдат дека успеале да оживеат сински органи еден час откако било убиено животното. Ова претставува значителен чекор напред во медицината и трансформација на нејзините можности.

Оваа техника применета на човек може да го зголеми бројот на органи достапни за трансплантација и така на докторите да им купи повеќе време за спасување животи.

Експертите кои работеле на експериментот велат дека резултатите се навистина извонредни и неверојатно значајни. Инаку, кога срцето ќе престане да чука, на телото му недостига кислород кој му е потребен за преживување, па затоа органите се зголемуваат, крвните садови колабираат и телото почнува да умира.

Научниците успеале на свињите да ја репарираат таа штета и да ги оживеат органите. Затоа ова медицинско достигнување отвора врати и расправа за едно мистериозно прашање, а тоа е – што се случува во моментите помеѓу животот и смртта?

„Можеме да обновиме некои функции од клетките, преку повеќе витални органи, кои би требало да бидат мртви. Овие клетки се се функционални со часови откако што тоа не треба да е возможно“ вели професорот Ненад Шестан, кој работел на тој експеримент.

Експериментите, кои се објавени во списанието Nature, вклучувале 100 свињи и добиле етичко одобрение пред да почнат со студијата.

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!