Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го продолжува рокот за продажба на социјалната мрежа ТикТок за дополнителни 75 дена, бидејќи „трансакцијата бара повеќе работа“, иако смета дека постигнат е голем напредок на овој план.
Веќе на крајот на јануари американскиот претседател го одложи за прв пат, за 75 дена, стапувањето во сила на законот донесен од Конгресот во 2024 година. Законот предвидува забрана на TikTok во САД доколку социјалната мрежа не ги прекине врските со својата матична компанија, ByteDance, односно со Кина.
TikTok е мета на американските власти долго време, а многу официјални лица веруваат дека забавната видео платформа му овозможува на Пекинг да шпионира околу 170 милиони корисници во САД, како и да манипулира со информации.
(Beta)
(фото: Free Malaysia Today)