-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Македонските сајтови се почесто се нападнати, единствен спас се системите за безбедност

Kabtel desktop

Интервју со Благоја Кондратјук, инженер за ИКТ решенија во Кабтел. Разговараме за опасностите од сајбер нападите кои стануваат се почести и се посложени, за неопходноста од зголемување на свесноста и едуцираноста на корисниците за ИТ заштита на своите уреди!

 

  • Kaspersky е светски лидер во обезбедување на заштита за уредите кои секојднево ги користиме, а Kабтел е овластен застапник за истиот на македонскиот пазар. Генерално, колку македонските корисници, особено оние од бизнис сегментот се свесни за тежината на сајбер заканите кои демнат и потребата од заштита на своите податоци?

Општо земено, вложувањата во ИТ сегментот кај нас се уште се толкуваат како трошок, а не како инвестиција што на долг рок би обезбедила бенефит за бизнисот. Тоа повлекува недостиг на средства за набавка на квалитетна опрема и софтвери за заштита и бекап, недоволни вложувања во едукација на кадарот итн. Истото би важело и за сајбер безбедноста, како една гранка од ИТ. Секоја чест за исклучоците, но сепак свесноста би ја оценил како релативно ниска, иако се бележи тренд на пораст.

  • Има еден податок дека 44% од Интернет корисниците во Македонија биле изложени на некаков сајбер напад. За што конкретно станува збор? Како може да се зголеми свесноста за опасностите кои демнеат додека сме на Интернет?

Сепак, една мала исправка, овој процент се однесува на сите корисници без разлика дали тие биле поврзани на Интернет или не. Тука станува збор и за офлајн (локални) напади, кои ги инфицираат уредите преку одреден медиум како USB, CD и сл. Што се однесува до интернет заканите, глобалната мрежа на Kaspersky детектирала дека само во последниот месец 7.2% од корисниците кои се поврзани на Интернет се соочиле со закани од ваков тип, што воопшто не е занемарувачки податок. Најефективен начин за зголемување на свесноста за опасностите кои демнат на Интернет секако е едукацијата на луѓето и подигнувањето на ИТ културата генерално, дали преку актуелизирање на одредени теми во медиумите, нивно опфаќање во образовниот процес уште од најраните возрасти, а сетоа тоа ќе повлече поединците и компаниите да бараат виско  степан на заштита, т.е. да користат легален антивирусен софтвер и firewall. , но сепак на тоа мора континуирано да се работи.

  • Што би им препорачале на компаниите во Македонија во поглед на заштитата на нивните уреди и податоци? Дали има универзална заштита и обезбедувате custom made услуга? Дали има голема разлика во цените за мали и големи компании?

Што се однесува до компаниите, главна препорака би била да почнат визионерски да пристапуваат кон користењето на ИТ технологиите во рамки на своите процеси, вклучително и во заштитата на нивните уреди и податоци. Под ова подразбирам адекватни вложувања во системи за заштита, како за крајните клиенти, така и на самата мрежа на која истите се поврзани, потоа едукација на вработените преку соодветни тренинзи, и исто така преку дефинирање на јасни правила за однесување и за употреба на ИТ инфраструктурата на работното место.

-Универзалната заштита би била користење на квалитетно анти-вирусно решение за клиентските станици и сервери, кое би било менаџирано и конфигурирано од страна на стручен ИТ кадар, а во поглед на custom made услуги, Kaspersky има свои решенија за индустриска безбедност, заштита од напредни закани, безбедност на банки и слично. За да заштитата биде комплетена, најдобра е комбинацијата од квалитетен антивирусен софтвер и периметарска заштита, а Kaspersky и Cyberoam, како брендови од портфолиото на Кабтел, може да помогнат во постигнување на таа цел. Секако, цената на решението варира во зависност од големината и потребите на клиентите.

  • Каква е ситуацијата со сајбер нападите во Македонија во споредба со регионот?

Сајбер нападите, и сајбер криминалот генерално, се глобална појава и не може да се локализираат врз одреден регион или држава. Поврзаноста на Интернет дозволува секој да биде нападнат од било која локација во светот. Секако, постојат и напади кои таргетираат корисници, бизниси или институции на одредена држава, но тие се далеку посложени од оние стандардните и се посебна тема на дискусија. Македонија воопшто не заостанува во овие статистики позади земјите во регионот, без разлика на нејзината географска големина или бројност на население.

Padlock picture on laptop screen

  • Кои се најновите безбедносни решенија на Kaspersky Lab?

Во поглед на новитети, Kaspersky Lab во последниот период ги актуелизира решенијата за индустриска безбедност (Kaspersky Industrial Security), заштита од напредни закани и таргетирани напади (Kaspersky Anti-Targeted Attacks – KATA platform) како и дедицираните сервиси (Kaspersky Cyber Security Services) наменети за големите enterprise корисници. За помалите компании во текот на оваа година започна да функционира Kaspersky Endpoint Security Cloud решението кое нуди едноставна платформа за заштита и флексибилни претплати, без притоа да ги оптеретува бизнисите со дополнителни трошоци.

Во моментов имаме одлична понуда за малите бизниси, конкретно производот Kaspersky Small Office е со -50% попуст за пакет на лиценци со важност од 3 години.

За домашните корисници од пред неколку денови е достапен Kaspersky Free кој е подарок за корисниците по повод 20-тиот роденден на Kaspersky Lab. Сепак, за ова решение мора да напоменеме дека е наменето само за основна заштита на системите и се разликува од решението со премиум лиценца. Идејата позади ова е да се пружи заштита на што поголем број корисници и истовремено да се зголеми свесноста за заканите кои демнат на Интернет. За повеќе информации, сите заинтересирани клиенти може слободно да го контактираат стручниот тим на Кабтел кој ќе им помогне со совети и насоки со цел соодветна заштита на нивните ИТ системи.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!