Билборд кашла кога ќе поминете крај него и предупредува на опасноста од рак на бели дробови

- Advertisement -

Реклама за рак на бели дробови креирана од фондацијата Marie Keating е поставен во Даблин, Ирска, и секогаш кога некој ќе помине покрај него пушта аудиоснимка од некој што кашла навистина гласно, пишува PSFK.

Каплањето има за цел да ги охрабри луѓето кои кашлаат да појдат на лекар и да проверат што е причината за кашлицата наместо да чекаат да им помине, затоа што може да се работи за нешто навистина страшно како ракот на бели дробови.

- Advertisement -

Фондацијата се надева дека на овој начин билбордот ќе помогне повеќе луѓе да се едуцираат за тоа како звучи една таква кашлица и ќе појдат на доктор. Билбордот беше поставен во ноември во истиот период кога и други непрофитни организации почнаа активности за подигнување на свеста во текот на Интернационалниот месец на ракот на бели дробови.

Сподели!
- Advertisement -