5 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

Италијанска фабрика за домати ќе биде изградена само од стаклени тегли

Kabtel desktop

Идната година еден од најголемите светски брендови за производи од домати ќе го лансира новиот концепт – архитектура од домати. Mutti е италијанска компанија која процесира околу 300.000 тони домати годишно. Компанијата сега ги откри плановите за нова фабрика и ново седиште кои ќе бидат направени од илјадници стаклени тегли.

GreenMatters пишува дека дизајнот е дело на Carlo Ratti Associati. Градбата со површина од околу 2,3 квадратни километри и ќе ја замени постојната фабрика. Исто така, новата фабрика ќе биде отворена за посетители односно за „домат туризам“. Ѕидовите направени од полупровидни стаклени тегли ќе ги има и во центарот за посетители, а логото на Mutti ќе биде поставено на ѕидот и дигитално ќе биде осветлено ноќе.

Центарот за посетители исто така ќе има ресторан, аудиториум, контролна соба во која ќе можат да се видат процесите во фабриката, а на терасата на покривот посетителите ќе можат да видат како милиони домати се тураат во базени за миење, Со други зборови, новата фабрика ќе биде многу повеќе од обична фабрика – таа ќе биде посветена на уметноста на процесирањето на доматите.

„Не инспирираше поемата на Пабло Неруда ‚Ода за доматот’, кој исто така е еден од слоганите на Mutti’s slogans. ‚Улицата е преполна со домати’ е начин да се покаже како фабриката може да се отвори за јавноста“ вели архитектот Карло Рати. Новата фабрика на Mutti е замислена како отворен театар’ вели архитектот Карло Рати. Изградбата на фабриката ќе очне идната година и треба да биде готова до 2023 година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •