Илон Маск има причини за славење. Неговата ракета со капсула за човечки екипаж успешно слета на Меѓународната вселенска станица и се спои на приватен док. Успехот на SpaceX и НАСА не помина незабележано ни во Белата куќа. Така, честитка за добро завршената мисија објави и претседателот Доналд Трамп на Twitter.
Средбата со орбитирачката лабораторија е прв пат капсулата Crew Dragon, дизајнирана евентуално да превезува астронаути, да полета до вселената и го подигна влогот за ривалот Boeing Co, кој исто така има договор со НАСА за комерцијални летови.
Овој лет го носи името Demo-1 и е битна мисија со цел да се тестираат способностите на новиот систем за транспорт на патници и г трасира патот за Demo-2, односно тест-лет со екипаж кој ќе ги носи астронаутите на НАСА, Боб Бехкен и Даг Харли, до Меѓународната вселенска станица. Тој лет е планиран за јули годинава.
„Змејовата дружина“ на Маск треба да остане во вселената до вторник, по што треба да тргне назад на Земјата.