7.8 C
Skopje
понеделник, февруари 17, 2020

Apple го подготвува најголемиот iPhone досега и поддршка за 5G

За нешто помалку од три месеци Тим Кук ќе претстави нова генерација телефони на Apple, кои судејќи според тоа што можеме да го прочитаме на Интернет, нема да донесат некои револуционерни промени. Дијагоналата на екраните на сите телефони би требало да остане иста како и актуелните модели, ќе имаат процесор A13, наводно можеме да очекуваме нови и поголеми батерии, а два модели од серијата XS ќе имаат три задни камери, додека наследникот на XR ќе има две задни камери. Сите модели ќе имаат поддршка за 4G мрежи.

Минг-Чи Куо е еден од најпознатите аналитичари кој долги години го следи Apple и досега беше наjпрецизен инсајдер за компанијата на Кук. Тој вчера објави што можеме да очекуваме од Apple за 2020 година и според него. Изгледа дека сепак можеме да очекуваме големи промени наесен. Според него, новите модели од серијата XS ќе имаат поинаква дијагонала на екранот од сегашната генрација, при што новиот Max ќе има екран од дури 6,7 инчи.

Како што смета Куо, телефоните од серијата XR ќе имаат поддржка за 4G мрежи, додека сопствениците на новата генерација XS и XS Max од 2020 година ќе можат да сурфаат на 5G мрежа. Слични информации дека Apple нема да брза со 5G мрежите и првите 5G модели ќе ги претстави во 2020 година имаше и претходно, но сега ги потврди Куо. Според овој аналитичар, за почеток Apple ќе користи чипови на Qualcomm за 5G мрежи, а верува дека Apple развива сопствени чипови кои ќе бидат готови до 2022 година.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •