9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Ново истражување на климатските промени предвидува дека ова ќе биде најлошото столетие во последните 12.000 години

Kabtel desktop

Резултатите од ново истражување ја потврдуваат потребата на човештвото да ја намали емисијата на стакленички гасови, но начниците речиси изгубија надеж дека такво нешто ќе се случи. Ново истражување покажа дека по којзнае кој пат досега, човекот навистина треба да забави со емисијата.

Ледената покривка на Гренланд е во огромна опасност затоа што студијата покажа дека во текот на ова столетие може да биде забележана најголемата загуба на мраз во последните 12.000 години. Она што студијата исто така покажа е дека во текот на ова столетие тој рекорд може да биде надминат.

Најголемата загуба на лед на Гренланд во предисторискиот период е забележана во доба на раниот холоцен, кога биле изгубени 6.000 милијарди тони лед по столетие, а тоа е еквивалентно на загубата на лед во ова столетие досега, што изнесува околу 6.100 милијарди тони.

Додека губењето на ледената маса може да се припише на големите количини слатка вода која се влева во океаните и ги попречува морските струи, моменталното губење на ледената маса може да се припише само на човечката активност, вели авторот на студијата, професорот по геологија Џејсон Бринер.

(Zimo)

(фото: Piqsels)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •