15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Apple официјално објави кога ќе ги претстави новите модели на iPhone

Kabtel desktop

Откако на виртуелна конференција одржана во септември не претстави нови модели на телефони, љубителите на компанијата со нетрпение ја очекуваат официјалната објава на датумите кога виртуелно ќе го претстави iPhone 12. Вчера го дознавме и датумот.

Од компанијата на Тим Кук најавија настан кој ќе се одржи на 13 октомври. Покрај најавата за настанот, Apple на сите вендаш им даде до знаење што можеме да очекуваме. Имено, на поканите за новинарите пишува „Hi, speed”. Тоа се однесува на 5G мрежата која треба да ја поддржуваат сите нови модели и благодарение на која сопствениците на тие уреди ќе може да сурфаат со големи брзини.

Со оглед на тоа дека гласините за новите модели на Apple ги слушаме со месеци, изгледа дека барем што се однесува на iPhone не би требало да има изненадувања. Очекуваме два обични модели на нови телефони – iPhone 12 mini и iPhone 12 и двата Pro модели. Сите четири уреди треба да го имаат и најмоќниот хардвер на Apple и графика и по прв пат сите нови модели ќе имаат ОЛЕД екрани.

iPhone mini, според гласините, ќе има екран од 5,4 инчи, додека класичниот модел ќе има 6,1-инчен екран. И двата модели треба да имаат два задни камери со кои ќе може да се снима и да се прават широкоаголни фотографии и благодарение на софтверот, подвижни фотографии.

iPhone Pro 12 ќе има екран од 6,1 инчи, додека Pro Max ќе има најголем екран на телефон на Apple досега – 6,7 инчи, а двата модели ќе имаат и три задни камери и лидар.

На корисниците сигурно нема да им се допаѓа тоа што во кутиите со телефони нема да има полначи ниту слушалки. Што се однесува на цената, таа треба да изнесува 699 долари за iPhone 12 mini, iPhone 12 треба да чини 799 долари, додека моделите Pro ќе се продаваат по цена од 999 долари, односно 1.099 долари, колку што треба да чини 12 Pro Max.

(The Verge)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!