Twitter постави хакер за свој шеф на безбедност

- Advertisement -

Социјалната мрежа Twitter, која повеќе пати беше мета на сајбер напади, постави еден од најдобрите хакери во светот за свој шеф на безбедност. Пеитер Затко, познато по своето хакерско име Маџ, е новиот шеф на сајбер безбедност, кој ќе се занимава со безбедноста на информациите и интегритетот на платформата.

Затко над себе ќе го има единствено извршниот директор Џек Дорси, а се очекува дека ќе ја преземе функцијата за околу два месеци. Пред доаѓањето во Twitter, Затко ја надгледуваше безбедноста на компанијата за електронско плаќање Stripe Работеше и во Google, каде што управуваше со грантови за проекти за сајбер безбедност на Агенцијата за напредни истражувања и проекти DARPA.

- Advertisement -

Кариерата ја започна во 90-тите години на минатиот век, кога истовремено тајно работеше за американската влада и беше еден од лидерите на Култот на мртвата крава – хакерска група која правеше хакерски алатки за Windows за да го натера Microsoft да ја подобри безбедноста.

„Не знам дали некој може да ја поправи безбедноста на Twitter, но тој е на врвот на мојата листа“ изјави Ден Кауфман, кој во агенцијата DARPA ја надгледувал работата на Затко.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -