Џеф Безос повторно е најбогат човек во светот

- Advertisement -

Џеф Безос повторно е најбогатиот човек во светот според индексот на милијардери на Bloomberg. Имено, акциите на Teslа падна за 9% вчера, па Илон Маск, кој досега ја иамше таа престижна титула, повторно му го препушти престолот на Безос. Поради падот на цената на акциите на Teslа, Маск изгуби 15 милијарди долари и падна на 183 милијарди долари.

Но, Маск во текот на викендот, по којзнае кој пат, со својата објава Twitter изгледа предизвика турбуленција на финансиските пазари. Имено, во објавата тој напиша дека цените на биткоин и на етереум изгледаат високи. Така, биткоин од речиси 58.000 долари во текот на викендот падна на 48.000 долари.

- Advertisement -

На Маск ова му е втор пат од јануари од местото најбогат човек во светот да падне на втората позиција. Џеф Безос моментално има 186 милијарди долари или 3 милијарди долари повеќе отколку Маск.

Безос три години, до јануари годинава, ја држеше позицијата најбогат човек во светот, но акциите на Teslа во меѓувреме пораснаа за 800%, што беше доволно за Маск да се најде на челната позиција.

- Advertisement -

(Business Insider)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -