-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Apple ќе развива паметни екрани

Kabtel desktop

Гласините за непотврдени настани или производи досега ги објавуваа новинари кои ги добиле информациите од добро информирани анонимни извори, но неделава информации за претстојната конференција на Apple дојдоа од вештачка интелигенцја, односно од гласовниот асистент Siri. Потоа официјалната потврда стигна и од компанијата дека конференцијата ќе се одржи на 20 април. Деталите за тоа што ќе биде претставено не се откриени, но и тоа е познато благодарение на гласините.

Не треба да очекуваме спектакл, освен ако нема некои изненадувања. Така, Apple треба да претстави нови модели на iPad, веројатно нови модели на iMac, а можеби и конечно AirTags, уреди кои на сопствениците на уреди на Apple ќе им го олеснат пронаоѓањето на многу работи.

Многу поинтересни се гласините за целосно нови уреди на кои работи екипата на Apple, а за кои не се зборуваше досега. Имено, новите информации од неделава велат дека покрај телефоните, таблетите и компјутерите, Apple моментално развива и два целосно нови паметни уреди. Како што и вообичаено бидува, нема потврда за гласините се до официјалното претставување, кое сигурно нема да биде на конференцијата, но интересно е да се знае во кој правец размислува компанијата.

Еден од тие уреди е паметен екран, кој најдобро може да се опише како комбинација од паметниот звучник HomePod и iPad. Слични уреди веќе претставија Amazon и Google и со нив ќе може да се управува со паметните домови, да се добиваат различни информации, да се слуша музика, а многумина ќе ги користат и за видеоразговори затоа што треба да имаат и камера.

Другиот уред е уште попаметен телевизор од Apple TV затоа што освен стриминг на видеа и играње видеоигри, ќе има и вграден звучник и камера за разговор на голем ТВ екран, како и поддршка за Siri.

(The Verge)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!