Објавена листата со најбезбедните земји во Европа

- Advertisement -

Познатата платформа World of Statistics, која собира податоци и статистики од различни области, објави листа со земјите во Европа каде што е најбезбедно да се шета сам навечер.

Хрватска втора година по ред е на првото место, а потоа следат Словенија, Исланд, Грузија, Швајцарија, Чешка, Данска, Естонија, Финска и Холандија.

- Advertisement -

Според нивното истражување, трите најнебезбедни земји во Европа се Франција, Белорусија и Белгија.

Од земјите во соседството, најдобро е рангирана Србија на 15. место, па следува Северна Македонија на 17., Бугарија на 23., Албанија на 30. и Грција на 33. место.

- Advertisement -

Целосната листа може да ја погледнете во продолжение:

(World of Statistics)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -