Prada го купува Versace – на повидок е нова ера во италијанската мода

- Advertisement -


Италијанската модна куќа Prada е блиску до договор за купување на луксузниот бренд Versace од Capri Holdings Ltd, откако постигна договор за цена од речиси 1,5 милијарди евра (околу 1,6 милијарди долари), пишува Bloomberg.

Според инсајдерски извори, конечниот договор би можел да биде склучен до крајот на месецот, а преговорите значително напредувале откако анализата не покажала потенцијални ризици. Сепак, постои можност да има промени во вреднувањето или времето, а преговорите теоретски да пропаднат.

- Advertisement -

Capri Holdings Ltd го купи Versace во 2018 година за околу 1,8 милијарди евра, но ниту Prada, ниту Capri Holding не сакаа да ги коментираат тековните преговори.

Во меѓувреме, акциите на Prada на берзата во Хонгконг пораснаа за 3,9% во понеделникот наутро, што укажува на позитивни реакции на пазарот за потенцијалното спојување.

- Advertisement -

Доколку се реализира аквизицијата, Prada значително ќе ја зајакне својата позиција на глобалниот пазар на луксузна мода, станувајќи посериозен конкурент на групите како што се LVMH и Kering. Versace, основана од Џани Версаче во 1978 година, може да стане клучен дел од стратегијата на Prada за проширување и зајакнување на италијанската модна сцена.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Canva)

Сподели!
- Advertisement -