ECONLIT Forum 2025: Економската писменост како темел за одржливо и одговорно општество

- Advertisement -

ECONLIT Forum 2025 се одржа на 13 декември 2025 година, обединувајќи претставници на академската заедница, јавните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и средното образование, со заедничка цел – унапредување на економската и финансиската писменост во Северна Македонија.

Форумот беше ко-организиран од Институт Либерална Алтернатива (LAI) и Универзитетот на Југоисточна Европа (SEEU), со поддршка од Economics Fundamentals Initiative (EFI) и Open Society Foundation (OSF). Настанот претставуваше кулминација на тригодишната еволуција на Економската писменост – од подигање на свеста, преку зајакнување на капацитетите, до институционализација и дигитална иновација.

- Advertisement -

На Форумот учествуваа високи претставници од различни институции, вклучувајќи ја Народната банка на Република Северна Македонија, комерцијалниот банкарски сектор, Управата за јавни приходи, универзитетите и регионални истражувачки институти. Посебно внимание беше посветено на улогата на наставниците и училиштата во развојот на економска писменост кај младите.

Свеченото отварање го направи извршниот директор на Институтот Либерална Алтернатива, Орхан Цека, кој даде кусок преглед на постигнувањата и влијанието на Програмата за економска писменост во последните три години, која Институтот ја спроведува со поддршка на Иницијативата за Економски Основи од САД, како и Деканот на Факултетот за Бизнис и Економија при Универзитет на Југоисточна Европа, Проф.др. Блера Абази – Чауши.

- Advertisement -

Во рамки на програмата беа одржани две панел-дискусии. Првиот панел беше фокусиран на современото предавање на економија во училницата, додека вториот панел ја истражуваше врската меѓу економската писменост, општествената отпорност и одржливиот развој. Дополнително, беше претставена дигиталната платформа EduSpace, како алатка за поддршка на формалното и неформалното економско образование.

Форумот ја истакна важноста на економската писменост како предуслов за информирано граѓанство, транспарентно управување и отпорно општество. Преку заедничка работа на институциите, образовниот сектор и граѓанското општество, ECONLIT Forum 2025 испрати јасна порака дека инвестицијата во знаење е инвестиција во долгорочна стабилност и развој на земјата.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -