Ова е најскапиот iPhone X и бесплатно ќе го добие Илон Маск

- Advertisement -

Паметните телефони iPhone не спаѓаат во категорија евтини телефони, дури ни кога се стари неколку години. Но, верзијата која ја направија Руси го надминува по цената дури и најскапиот iPhone X, пишува Zimo.

Имено, iPhone X Tesla, всушност, е оригинален iPhone X кој е обложен со карбонски влакна и злато, а во куќиштето има и вградена соларна батерија која може да се полни на сонце или под јака светилка. Тоа значи дека никогаш на телефонот нема да видите „low battery” и панично да го барате полначот. 

- Advertisement -

Која е цената? Цената е ситница за таков ѕвер од телефон. Почнува од 4.000 долари, а со него добивате и дрвена кутија во која можете да го носите. Компанијата Caviar, која стои зад овој раскошен iPhone X, позната е по скапите додатоци кои чинат и по неколку илјади долари. 

Како што објаснуваат од компанијата, оваа верзија на iPhone добила додаток Tesla на името токму поради преданоста на одржливата енергија на шефот на Teslа, Илон Маск, по името на генијот Никола Тесла, но и по визионерството на Стив Џобс. 

- Advertisement -

Уште една референца на Маск е и реченицата изгравирана во секој iPhone X Tesla: „Направено од луѓе на Земјата“. Истата реченица Маск ја изгравира на матичната плоча во својот Tesla Roadster пред да го лансира во вселената. За да му се заблагодарат на Маск за инспирацијата, од Caviar објавија дека еден од вкупно 999 уреди, колку што ќе бидат направени, бесплатно ќе му биде доставен на Маск.

Сподели!
- Advertisement -