6.5 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Benetton изгуби две милијарди долари по трагедијата во Џенова

Kabtel desktop

Имотот на семејството Benetton, eдно од најбогатите во Италија за само една недела се стопи за две милијарди долари поради катастрофата во Џенова, каде загинаа 43 луѓе при рушење на мостот Моранди.

Edizione Holding, во сопственост на  Benetton, поседува третина од акциите во компанијата Атлантиа чија  подружница Autostrade per l’Italia е концесионер на кобниот мост.

По трагедијата и заканите од Владата дека на Аутрострада ќе и биде одземена концесијата и ќе биде казнета, акциите на Атлантиа паднаа за 26% на најниско ниво во последните четири години.

По трагичниот настан семејството Бенетон понуди помош на семејствата на загинатите и ја поддржа санацијата на оштетените патишта и обнова на мостот. Исто така, Аутострада основаше фонд од 500 милиони евра за обештетување на семејствата на жртвите и обнова на инфраструктурата.

Иако се најпознати во текстилот, овој бизнис во семејството Бенетон учествува со само 10%. Edizione Holding има вкупно 9,3 милијарди долари вредни акции кои котираат на берзата. Меѓу другите, поседува 30% од акциите во шпанскиот телеком Cellnex и 3% во осигурителната компанија Generali.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •