Samsung денес ќе претстави телефон со ротирачка камера

- Advertisement -

Компанијата Samsung денес на својот специјално организиран настан ќе го претстави смартфонот A90. Се шпекулира дека овој паметен телефон ќе има една pop-up камера, која воедно и ќе се ротира, така што еден setup ќе може да работи на двете страни од смартфонот, а покрај тоа нема да има потреба за рабови, забпци или дупчиња на горниот дел од екранот.

Се очекува дека телефонот, всушност, ќе има три камери, вклучувајќи ја главната од 48 мегапиксели, секундарната од 8 мегапиксели и еден сензор за длабочина. Galaxy A90 би требало да има екран од 6,7 инчи кој ќе биде Full HD+, а ќе го напојува батерија од 3.700 mAh. Се зборува дека овој модел нема да биде единствениот и дека покрај него, Samsung  ќе претстави уште два смартфони.

Сподели!
- Advertisement -