11 C
Skopje
петок, мај 29, 2020

InStore истражување: Целосна листа на 100 must have брендови за 2019 година во Македонија!

Kabtel desktop

 

Од анализата на 100 must have бренда, 38 бренда се од македонски компании, така што е сè посилна борбата меѓу домашниот и странскиот квалитет!

Користејќи ги силата и експертското знаење на регионално ниво, македонскиот магазин InStore спроведе самостојна телефонска анкета меѓу трговците во Македонија, кои ги споделија со нас информациите кој е брендот што мора да се најде на полиците во нивната продавница, во дадени 50 категории на производи. Од спомнатите 800 бренда, колку што беа кажани во анкетата, издвоивме листа од брендови 100 must have. На овој начин InStore се обиде да им помогне и на трговците и на производителите/дистрибутерите да остварат подобри резултати.

Како? Листата е препорака од трговците за трговците за 2019 година и со нејзина помош тие ќе имаат увид кои се брендовите што треба да ги имаат на полица, а со тоа ќе имаат можност за подобрување на резултатите од продажбата. Од друга страна, производителите/дистрибутерите ќе имаат можност за поголема препознатливоста на брендот, негова поголема побарувачка и повеќе место на полица, како и полесно влистување на нови артикли во секоја подобро снабдена продавница. Со други зборови, со епитетот 100 must have производи даваме признание на брендовите кои чекорат по вистинската патека, кои градат долгорочна, успешна комуникација и со потрошувачите и со соработниците.

Анкетата што ја спроведе InStore во период од два месеца во 2018 година, на примерок од 300 испитаници ни овозможи да ја видиме положбата на брендовите во малопродажниот сектор. Испитаниците беа поделени на традиционални продавници (traditional trade TT), ЛКА (local key account) и магацини. Истражувањето не ги опфати КА, бидејќи од нив побаравме нивни листи на 100 must have бренда, кои во целост се дадени на следните страници. Исто така не влегоа и дисконтните синџири, поради нивната посебна политика на работење.

 Застапеност на продажните места според канали: ТТ, ЛКА, магацини, Македонија, 2018 година

Во истражувањето, каналот ТТ беше поделен на мали, средни и големи продавници. Така, малите (0 до 40 м²) беа вклучени со 32%, средните (40 до 100 м²) со 33%, а големите (100 до 300 м²) со 17%.

Во анкетата не стана збор за најдобрите постигнати продажни резултати на брендовите во малите продавници, туку за брендовите што трговците сметаат дека треба да ги имаат во своите објекти, иако во најголемиот број случаи, се сведува на тоа дека тие им се и најпродавани.

При анкетирањето InStore нудеше категории, а трговците ги кажуваа брендовите. Брендовите со најмногу освоени гласови влегоа во листата топ 100 бренда. Во оваа листа се сублимирани резултатите од ТТ, ЛКА и од магацините, а брендовите 100 must have се дадени по азбучен ред.

Од анализата на 100 must have бренда, 38 бренда се од македонски компании, така што е сè посилна борбата меѓу домашниот и странскиот квалитет. Во споредба со листата на топ 100 во Босна и Херцеговина, каде редакцијата на InStore БиХ по вторпат направија специјална едиција 100 must have, во Македонија речиси за 5% повеќе домашни брендови влегоа во првите 100. Од компаниите чии брендови влегоа во 100 must have, најмногу брендови имаат „Витаминка“, „Алкалоид“, „Подравка“, „Атлантик група“…

При прибирањето на податоците и бодирањето на брендовите, во дел од категориите, според бодовите, одредени брендови значително се одвоија од другите во својата категорија. Таков пример е Би милк во категоријата млеко, Colgatе во пастите за заби, Здравје Радово во категоријата сирење и кашкавали, Zott во категоријата млечни десерти, Виталиа во категоријата здрава храна итн. Кај некои категории, како што се пивото, водите и сл. ситуацијата е речиси изедначена.

[quote]Од компаниите чии брендови влегоа во 100 must have, најмногу брендови имаат „Витаминка“, „Алкалоид“, „Подравка“, „Атлантик група“…[/quote]

 

 

Табела 1: 100 must have бренда, по азбучен редослед, според податоците од ТТ, ЛКА, магацини, во Македонија, 2018

ABC, Belje Солени и млечни намази
Ajax Средства за чистење во домот
Alpsko Млеко
Always Интимна хигиена
Argeta Конзервирани производи
Ariel Средства за перење алишта
Atlantis Бонбониери
Badel 1862 Алкохолни пијалаци
Bajadera Бонбониери
Becutan Пелени и козметика за бебиња
Bimilk Млеко и кисело млечни производи
Biser Масла за јадење
BlackUp Средства за сончање
Boni Интимна хигиена
Bonux Средства за перење алишта
Bords eve Маргарини
Bravo кафе Традиционално и инстант кафе
Bravo сокови Безалкохолни пијалаци – негазирани
Brilijant Масла за јадење
Bučen Kozjak Кисело млечни производи
Cermat Сладоледи
Chipsy Грицки
Coca Cola Безалкохолни пијалаци – газирани
Colgate Орална хигиена
Čunga Lunga Бонбони и гуми за џвакање
Dafinka Зачини
Divella Тестенини
Dobro jutro Маргарини
Domestos Средства за чистење во домот
Dove Козметика и лична хигиена
Eurocrem Чоколадни кремови
Eva Конзервирани производи
EveryDay Интимна хигиена
Evropa Наполитанки, бисквити и тортици
Extra Mein Месни преработки
Fairy Средства за миење садови
Feja Средства за миење садови
Franck Чаеви
Frikom Сладоледи и смрзната храна
Frutek Храна за бебиња
Galeb Чоколада и чоколатца
Gillette Средства за бричење
Good Nature Чаеви
Grand kafa Традиционално и инстант кафе
Happy tuna Конзервирани производи
Hipp Храна за бебиња
Izvorska Негазирана вода
Kolynos Орална хигиена
Kožuvcanka Газирана вода
Kristal Маргарини и масла за јадење
LR, Tikveš Алкохолни пијалаци
Maggi Супи и коцки за супи
Marlboro Цигари
Meggle Солени и млечни намази
Merix Средства за перење алишта
Milka Чоколада и чоколатца
Moeto brasno Брашно и прашести производи
Najlepše želje Чоколада и чоколатца
Nescafé Традиционално и инстант кафе
Nestle Сладоледи
Nivea Средства за лична хигиена и козметика за мажи
Nutella Чоколадни кремови
Orbit Бонбони и гуми за џвакање
Osogovski mlečni proizvodi Сирења и кашкавали
Palmolive Средства за лична хигиена, козметика за мажи
Paloma Хартиена галантерија
Pampers Пелени и козметика за бебиња
Pekabesko Месни преработки
Pelisterka Газирана вода
Pepsi Безалкохолни пијалаци – газирани
Perfex Хартиена галантерија
Perutnina Ptuj Смрзната храна
Pležer Наполитанки, бисквити и тортици
Podravka Зимници и супи и коцки за супи
Polimark Преливи, дресинзи, сосови
Riscossa Тестенини
Rodeo Цигари
Rosa Негазирана вода
Sentella Тестенини
Sinalco Безалкохолни пијалаци – газирани
Skopsko Пива
Solea Козметика
Spin Средства за миење садови
Stobi Вина
Stobi Flips Грицки
Sütaş Ајран
Tikveš Вина
Tomatello Преливи, дресинзи, сосови
Vegeta Зачини
Vezë Sharri Јајца
Vincinni Наполитанки, бисквити и тортици
Violeta Хартиена галантерија
Vitalia Здрава храна
Vitaminka Преливи, дресинзи, сосови
Viva Безалкохолни пијалаци – негазирани
Začinal Зачини
Zdravje Radovo Сирења и кашкавали
Žito Luks Леб и бели печива и Брашно и прашести производи
Zlaten dab Пива
Zott Млечни десерти

 

Во табела 2 направивме споредба меѓу брендовите што се 50 must have според испитаниците во каналот ТТ наспроти ЛКА. Во анализата на податоците, се забележа дека во ТТ каналот повеќе се трошат соковите во пластично пакување, во споредба со ЛКА каналот, каде повеќе се купуваат сокови во тетрапак. И при оваа споредба, можеше да се види дека во одредени категории, како кај јајцата, лебот и белите печива, на второто место се одвојуваат локални брендови, кои се блиски до потрошувачите од одреден град. Во поглед на категоријата традиционално и инстант кафе во ТТ каналот, поголема е побарувачката на традиционално кафе, во споредба со инстант кафето. За испитаниците синоним за инстант кафето се кесичките 2 во 1 или 3 во 1.

Доколку ја анализираме листата на првите 50 must have брендови, во ТТ и ЛКА и направиме споредба, ќе забележиме дека 36 брендови еднакво се потенцирани и од анкетираните ТТ и ЛКА, додека 14 брендови се разликуваат, односно не се првиот избор и на ТТ и на ЛКА.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •