21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Словенија избрана меѓу седум најперспективни дестинации во светот

Kabtel desktop

Додека глобалниот туризам се бори со огромен пад, многу нации ширум светот се подготвуваат за бран од меѓународни посетители откако властите почнаа да ги олеснуваат рестриктивните мерки донесени поради пандемијата. За некои земји ова може да е единствената прилика да станат светски познати дестинации затоа што ги имаат сите неопходни предуслови – недопрена зелена природа, историски и културни споменици.

Додека глобалниот туризам се бори со огромен пад, многу нации ширум светот се подготвуваат за бран од меѓународни посетители откако властите почнаа да ги олеснуваат рестриктивните мерки донесени поради пандемијата. За некои земји ова може да е единствената прилика да станат светски познати дестинации затоа што ги имаат сите неопходни предуслови – недопрена зелена природа, историски и културни споменици.

Сето тоа може да се најде во седум високо посетени земји, пишува Forbes.

На прво место на листата на Forbes се најде Етиопија. Од 54 африкански земји, оваа има најфасцинантна историја. Тоа е втората цивилизација во светот која го прифатила христијанството и единствената африканска земја која со борба ја поразила европската колонијална сила. Се верува дека и најраните човечки предци дошле од тој регион. Етиопија има бујни прашуми и одлична национална кујна.

Наредна е Иран, која со децении се бори да го зачува својот углед поради геополитичките кавги. Сепак, не може да се одрекне културното наследство на земјата, кое е едно од најодушевувачките во светот. Древните градови, скијањето на скијалиштето Дизин, сончањето на плажите со бел песок, истражувањето на шумите се само некои од активностите кои се нудат.

Познатите туристички дестинации како Сингапур, Тајланд и Индонезија веќе ја ставија југоисточна Азија на светската туристичка мапа, но има уште еден регион преполн со скриени богатства. Тоа е Мјанмар, исто така познат и како Бурма. Земјата има се што има и Тајланд – будистички храмови, остатоци од древни цивилизации, развиени градови.

Грузија е уште една земја која е на добар пат да стане едно од најбитните идилични одморалишта во регионот на Кавказ. Патувањето најдобро е да се почне од главниот град, Тбилиси. Тој е дом на Стариот град, преполн со древни цркви и ресторани. Иако урбаниот дел на Грузија е спектакуларен, не ја прескокнувајте идиличната природа на земјата. Грузија е еден од најстарите вински региони во светот – винската индустрија таму датира уште од 6.000 п.н.е.

Со околу 7.500 острови на кои може да се појде, архипелагот Филипини има понуди за сите. На најсеверниот остров има голема метропола составена од 16 градови – Метро Манила, а тие што планираат да се одмораат на песочни плажи треба да одат во Визаијас, во централниот дел, каде што се некои од најдобрите плажи со бел песок во земјата.

Поради сликовитите плажи, древните рушевини и одличната кујна, Тунис е совршена дестинација за оние кои сакаат да ја доживеат живописната култура на Африка. За многумина најбитен е огромниот песочен брег. За љубителите на историјата, пак, тука се остатоците од Картагена, еден од најбогатите градови кој постоел во класичната ера, а најголемите авантуристи треба да одат на југот и да се прошетаат низ пустината Сахара.

На листата на Forbes со седум потценети туристички дестинации во светот се наоѓа и една земја од поранешна Југославија, Словенија. Оваа мала планинска земја е едно од неоткриените богатства на регионот. Главниот град Љубљана е културен центар со музи, катедрали стари со векови и дворец со поглед на Стариот град. На север на земјата се Јулиските Алпи, планински масив кој го добил името по императорот Јулиј Цезар, а тука е и Триглавскиот национален парк.

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •