16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Huawei стана број еден производител на смартфони во светот

Kabtel desktop

Пред неколку години Huawei го претстави својот амбициозен план до 2019 година да стане прв производител на паметни телефони во светот. Оттогаш до денес кинеската компанија се соочи со забрана од страна на САД, како и со пандемијата на КОВИД-19, па речиси никој не веруваше дека има какви било шанси против гигантот Samsung, кој постојано предводеше во вкупната испорака на телефони во светот.

Меѓутоа, според најновиот извештај на аналитичарите на компанијата Canalys, податоците за продажбата во вториот квартал од 2020 година покажуваат дека Huawei усепал да ја оствари својата цел.

Тоа не значи дека Huawei остварил раст, затоа што во тој период имал пад на испораката на телефони од 5%, туку дека главниот конкурент Samsung забележал драстичен пад на продажбата од дури 30%, што било доволно за Huawei да ја заземе првата позиција како најголем производител на свартфони во светот.

Canalys, воедно, изнесе податоци дека во тој период 72% од сите произведени телефони завршиле на кинескиот пазар, што значи дека остатокот од светот купил само 28% од паметните телефони. Што се однесува на бројот на испорачани телефони, Huawei во вториот квартал испорачал 55,8 милиони телефони, додека Samsung продал 53,7 милиони

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •